СЛЕДНИ НАСТАНИ
ПЕТ ХУМАНИТАРНИ ПРЕТСТАВИ ЗА ПОМОШ НА ЛЕО!!!
Театар Провокација, заедно со училиштата ООУ „Браќа Миладиновци“, ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Ѓорѓија Пулески“ и „Љубен Лапе“ организира пет хуманитарни претстави за помош на ЛЕОНИД ИНДОВ.
👉Понеделник (06.11.2023) во ДОМ НА АРМ за учениците од ООУ „Б. Конески“ 
👉Понеделник (06.11.2023) во ДОМ НА АРМ за учениците од ООУ„Брќа Миладиновци“
👉Четврток (09.11.2023) за учениците од ООУ „Ѓорѓија Пулески“ (во училиштето)
👉Понеделник (20.11.2023) , ДВЕ ИЗВЕДБИ за 00У „Љубен Лапе“ (во училиптето)
Средставата од билетите се донирани за лекувањето на Лео.
Благодарност до Министерството за одбрана што ни го отстапи просторот за реализација на двете претстави.
Повеќе за претставата погледнете на линкот: http://teatarprovokacija.mk/detski-pretstavi/drugarstvo/
Повеќе за состојбата на младиот Леонид:
Пред неколку месеци, Леонид доживеа голем инцидент додека беше на летување во Грција. Тоа резултираше со тешки повреди на неговиот рбет, поради кои, тој не може да ги движи своите раце и нозе. Но Лео не се предава. Не се предаваат ниту неговите родители кои ја знаат упорноста и храброста на ова момче. Во борбата да го спасат својот син, стигнаа до клиника во Швајцарија која му гарантира процес на излекување преку современи методи. Сепак, тие се соочуваат со огромни финансиски предизвици.
Потребни се 800.000 CHF за овој третман кој му овоможува излез од темниот тунел во кој сега се наоѓа. Тоа е голем износ, кој ниту едно семејство не може да го поднесе самостојно. Ние сите, заедно со вас, веќе собравме еден дел од потребната сума, но нема да успееме до крај без вашата поддршка. Секоја мала или голема донација значи. Ова не е само борба за оздравување, туку и за враќање на можноста за Леонид да го следи својот пат, своите мечти и амбиции. Лео секогаш со гордост кажуваше дека е од неговата Македонија, и време е сите ние да ја оправдаме онаа големина која тој знаеше дека ја носиме во себе.
Свети Спас, како хуманитарна организација, секогаш стои на чело во борбата за хуманост и шансата за подобар живот. Ги праќаме нашите молитви до Бог. Да биде со Леонид на овој тежок пат и да му дозволи да се врати на патот на кој успешно, храбро и амбициозно чекореше цели 18 години. Браќа и сестри, нека ја почувствува нашата љубов и поддршка. Донирајте сега и помогнете во борбата за Леонидовото оздравување. Сите вашите средства ќе бидат незаборавен знак на хуманост и љубов. Споделете ја и објавата за таа да стигне до што поголем број на хумани луѓе.
Ви Благодараме од срце што сте дел од оваа борба за живот.
Нека Бог ве дарува со здравје, срќа и радост за вашето човекољубие!
Донациите може да се направат со повик на телефонските броеви (100 денари од повик):
А1: 143 500
Телеком: 143 118
Или преку сметка:
Од Македонија:
ЛЕОНИД ИНДОВ
210-7000006805-91 НЛБ БАНКА
Од странство:
BRANKO INDOV
st.23 OKTOMVRI no.27/4-11 SKOPJE
IBAN: MK07210501567799991
SWIFT: TUTNMK22
NLB BANKA AD SKOPJE
Достапен е и фандрајзерот за помош на Лео