СЛЕДНИ НАСТАНИ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 22 апр. 2024, 09:30 / 11:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЗЕЛЕНКОВЦИ ЗЕЛЕНКОВЦИ 23 апр. 2024, 09:00, 10:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ

НАРОДОТ ИСПРОВОЦИРА „СКАНДАЛ“ ВО ЕДЕН ЗДИВ

На вториот ден по премиерата на крими комедијата „Скандал“, седнав да напишам збор два за оваа прекрасна претстава на талентираниот режисер Роберт Ристов и екипата од актери, кои на еден прекрасен начин успеaја да ги доловат сите стереотипи за ликовите кои ги глумаат и да ги прикажат на публиката на еден симпатичен и пред се смешен начин.

Фото: Кире Галевски

Брзам да напоменам дека јас не сум театарски критичар, туку пишувам како сведок, како дел од публиката, еден од оние 300 луѓе кои го имаа задоволството, да ја видат претставата премиерно и да се насмеат од срце.

Фото: Кире Галевски

Сценографијата дело на режисерот Ристов, кореографијата на Искра Шукарова и костимографијата на Елена Лука на еден пријатен начин го засилија ефектот од актерската игра на Никола Кузелов (фризерот Гоги Мерќури), Даријан Петров (инспекторот Веселинов), Мирјана Поповска Ристов (фризерката Диди), Јелена Мијатовиќ (г-ѓа Костов) Чедомир Митевски (Емил, трговецот со антиквитети) и Радо Алексовски (помладиот испектор Боро).

Гледајќи ги актерите на сцената испитав воодушевување од нивната мајсторска игра. Имаше сцени во кои смеата едноставно излегуваше надвор од мене и ме прашуваше: „Добро бе бро, нормални се овие, лидериве лидерска прават, овие тука се обидуваат да ве „помочаат“ тебе и публиката од смеење“.

Фото: Кире Галевски

Покрај режисерот Ристов, кој е главен „виновник“ ова ремек дело да стане реалност, покрај останатите кои мајсторски ги истолкуваа своите улоги, како обичен лик од публиката, би ги издвоил изведбите на Никола Кузелов и Јелена Мијатовиќ. Тие двајцата на еден врвен начин ја доловија онаа забавна страна на ликовите кои ги толкуваа, а имено Гоги Мерќури, фризерот за којшто историјата молчи дали успеал да замине за Холивуд и Нора Костов, сопругата на пратеникот Миле Костов, која ете не успеа да замине за „у Парис“.

Фото: Кире Галевски

Мајсторската игра на Јелена, Никола, Мирјана, Даријан, Чедомир и Радо беше еден подарок за мене, а верувам и за останатите во публиката во салата на Театар „Комедија“. Би сакал да подвлечам дека режисерот Ристов, заедно со актерите направија едно навистина забавно дело, коешто како што спомнав погоре ја вади смеата од нас и ни помага да го смириме барем за неколку саати нашето забрзано секојдневие преполно со проблеми.

 

Фото: Кире Галевски

Несекојдневно доживување е претставата „Скандал“, во продукција на театар „Провокација“ (а се игра во салата на театар „Комедија“) и со чиста душа ви ја препорачувам драги мои. Погледнете ја програмата на театарот „Комедија“ и отидете да ја видите.

Претставата ќе се игра во термини во ден недела во Театар Комедија. Првата реприза во Комедија е закажана за 01. декември. Следната изведба е во Неготино на 07. ноември, а отпочнати се преговори за гостувања во уште неколку града низ Македонија.  За повеќе информации следете ја официјалната facebook страна на Театар „Провокација“

PS: Ако некој се најде во ситуација да менува гаќи од смеење после претставата, ете јас што не се разбирам од театар нека бидам виновен.

Автор: Атанас Величков